Џим живее во среќен брак со сопругата Шерил, со која често доаѓа во конфликт заради децата и секогаш го прифаќа нејзиното мислење како се воспитуваат мали деца. Џим и Шерил имаат три деца, ќерките Руби, Грејси и синот Кајл.
Џим е страствен обожавател на блуз музиката и свири со неговиот бенд, што често ја излудува Шерил. Додека во бендот е вистински мачомен, дома Џим е вистински папучар. Неговата слабост кон децата резултира што тие често го вртат околу малиот прст, па Шерил ќе мора да ги исправа сите ситуации.
Семејството дополнително ќе го вознемират и Дејна, сестрата на Шерил и нејзиниот сопруг Рајан кои повеќе се на гости кај Џим и Шерил одошто во сопствениот дом. Шерил има мака со воспитувањето на децата, а нејзината сестра не и е од никаква помош. Таа често го решава и нејзините брачни проблеми.
Дејна ќе му помага на Џим во изборот на новогодишните подароци, подарок за годишнина од брак, но тој факт никако нема да може да го сокрие од сестра и. Ја сокрива и тајната дека Џим се вратил на неговата опасна страст, возење на мотор, но тука е Руби, која секогаш знае што крие нејзиниот татко.
Единствен кој не е оптеретен од проблемите на семејството, е малиот Кајл, кој е миленик на сите.
Серијата досега има само една номинација за наградата „Еми“, а снимени се шест сезони. Во главните улоги ќе ги видиме, познатата филмска ѕвезда Џејмс Белуши како Џим, Кортни Торн Смит како Шерил, Кимберли Вилијамс како Дејна, Лери Кемпбел како Енди, Тејслот Ателијан како Руби, Били Бруно како Грејси, а во улогата на бебето Кајл се менуваат близнаците Конор и Герет Суливан.
Џејмс Белуши се јавува и како продуцент на серијата, а во неколку епизоди ќе го видиме и неговиот син Роберт, во улогата на возрасниот Кајл.
Во серијата, како гости во епизодна улога ќе се појават и Ден Акројд, Линда Хамилтон, Том Арнолд и Даг Савант (Том Скјаво од „Очајни домаќинки“).
Серијата започна да се снима во 2001-ва година во продукција на телевизиската компанија „АБЦ“.